Петар Печков
Објавено: вторник, 18 април 2017
Во 21-то коло на Првата футсал лига, екипата на Велес со високи 19:0 ја совлада екипата на Саса од Македонска Каменица. Младите гсотински фудбалери не беа противник кој можеше сериозно да се спротивстави на професионалниот велешки лигаш, па така единствена непозната беше со колку гола ќе заврши средбата. По ова кола КФМ Велес е втор на табелата со 52 бода и со + 173 гол разлика, три бода зад лидерот Шкупи. Во следното коло велешани играат повторно дома со скопски Хедис кој е 6-ти со 21 бод.
Викендов се играше и 21-то коло на Третата лига Југ. Во локалното дерби Борец 1919 со 9:1, ја совлада екипата на Гемиџии. Помладиот лигаш како домаќин, по втор пат сезонава загуби од најстариот градски клуб, овој пат со полна мрежа голови. По ова коло Борец е втор на табелата, со најефикасен напад постигна 72 гола. Гемиџии паднаа едно место и се седми со 27 бода.
Превалец дома победи со 2:0 против Дојранско езеро кој е 11-ти од 12 екипи со 18 бодови. Со оваа победа и неодиграниот натпревар на Победа Валандово, Превалец се искачи на третото место со 41 бод, кое води во Втора лига, но Валандово има три бода и две средби помалку.
Во следното коло Борец дома ја пречекува екипата на Младост од Удово, која пролетва има одлична серија, Превалец го игра натпреварот на сезоната гостува во Валандово кај Победа во директен меч за трето место во оваа конкуренција а Гемиџии гостуваат на петтиот од табелата Напредок од Крушеани прилепско. За потсетување есеноска Победа Валандово го победи Превалец како гостин со 1:0
Tweet |